Актуелниот македонски фудбалски шампион во женска конкуренција, тимот на Каменица Саса, оствари историски трансфер. Во овој тим ќе игра првата американска интернационалка во историјата на македонскиот женски фудбал.
Пејтон Чик потпиша за Каменица Саса до крајот на сезоната, а доаѓа од редовите на Сиетл.
„Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции. Очекуваме со своето искуство да ни помогне да бидеме уште посилни и со подобри резултати во пролетниот дел од сезоната! Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и, секако, трета титула во низа“, се вели во соопштението од Каменица Саса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













