Манчестер Јунајтед би можел да ја заинтересира Борусија Дортмунд за играчот од средниот ред Дони Ван де Бек за да стигне до пол-позиција за потписот на Ерлинг Халанд. Медиумите истакнуваат дека Манчестер е подготвен да го испрати Ван де Бек и да плати уште 60 милиони евра за Норвежанецот.
Германските медиуми истакнуваат дека поранешниот играч на Ајакс е цел на „милионерите“ од Дортмунд кои сакаат да го позајмат оваа зима од Јунајтед, со откуп на крајот од сезоната. Од пристигнувањето на „Олд Трафорд“ во 2020 година, Ван де Бек не ја доби, ниту ја искористи можноста, па сега не е во плановите ниту на Ралф Рангник.
Тој сака да замине, а на Јунајтед не му пречи ако некој сака да плати 30 милиони евра за него. Борусија Дортмунд е еден од заинтересираните клубови, но прашање е дали Халанд ќе се одлучи за Манчестер Јунајтед, бидејќи неговиот агент Мино Рајола веќе ги позиционираше Барселона, ПСЖ и Реал Мадрид како главни цели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













