Македонскиот интернационалец Иван Тричковски погоди за АЕК Ларнака во ремито (2-2) на гости против Паеек и се израмни на врвот на листата на стрелците на Кипар со Садик од Докса. Досега имаат постигнато по девет гола.
Тричко реализираше пенал во 90.минута, но во судиското продолжение беше досуден пенал и за Паеек што го претвори во погодок за израмнување Капартис.
Претходно, Росалес во 68.минута го доведе АЕК Ларнака во водство, а домаќинот израмни од белата точка преку Бабиќ.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement