Connect with us

Фудбалер во Оман колабирал на загревање и починал на терен

Трагични вести доаѓаат од Оман. Фудбалерот Мухалед Ал Ракади почина на 29-годишна возраст од срцев удар. Тој колабирал за време на загревањето пред почетокот на натпреварот помеѓу неговиот клуб Мускат и Ал Суваик во првенството на Оман.


На Ал Ракади веднаш му била укажана помош и бил пренесен во болница, но неколку часа подоцна било објавено дека починал. Сите играчи на натпреварот со неверување гледаа што се случува на загревањето и речиси сите плачеа по падот на Ал Ракади на теренот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови