
Легендата на бразилскиот фудбал Пеле е пуштен од болницата во Сао Паоло каде пред две недели беше примен на хемотерапија, соопштија од оваа институција.
„Пеле (81) е во стабилна состојба и ќе продолжи со лекување на туморот на дебелото црево дијагностициран минатиот септември“, се вели во соопштението на болницата.
На 9 декември, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња објави дека ќе биде хоспитализиран за да оди на последната хемотерапија во 2021 година.
Првично беше најавено дека Пеле ќе помине само неколку дена во болница, но поминаа две недели во кои немаше информации за неговата здравствена состојба.
Пеле веќе мина еден месец во болница меѓу август и септември кога му беше отстранет туморот на дебелото црево.
Оттогаш Пеле објави неколку пораки во кои наведува дека неговото здравје се подобрува.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
