
Стратегот на Шкендија, Ернест Ѓока, има причина за задоволство откако неговиот тим со одлична игра стигна до убедлив триумф од 4-0 над Борец Велес. Сепак, албанскиот стратег ги предупреди фудбалерите на тетовци дека мора да се остане максимално фокусиран на секој натпревар, бидејќи растојанието во однос на водечкиот Вардар се уште изнесува огромни 12 бода.
„Јас цело време говорам дека овој тим на Шкендија има потенцијал, мило ми е што денеска го потврдивме тоа. Одигравме добар меч, бевме тактички дисциплинирани, фудбалерите направија се што побарав од нас. Задоволен сум што четири натпревари не примивме гол, но не смееме да заборавиме, се уште сме далеку од врвот на табелата“ – истакна Ѓока по натпреварот со Борец.
Шкендија во следното коло ќе му гостува на Работнички, додека Вардар го очекува гостување против Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас
