
За данскиот играч за врска Кристијан Ериксен се заинтересирани четири клуба. Фудбалерот од средниот ред е слободен играч откако минатата недела го раскина договорот со Интер. Причината е што му беше вграден срцев дефибрилатор што го спречува да игра во Серија А.
Агентот на Ериксен, Мартин Шуц, потврди за данскиот „Екстра Бладет“ дека четири клуба сакаат да го привлечат данскиот репрезентативец.
„Веќе има четири клуба кои побараа информации за ситуацијата со Кристијан“, изјави Шуц. Тој додаде дека една од екипите е од Данска.
Се верува дека се работи за Одензе, а најголеми шанси да го врати Ериксен во своите редови има холандскиот гигант Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
