Connect with us

Маурицио Сари го исфрли Сергеј Милинковиќ Савиќ од тимот на Лацио

Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ е исфрлен од тимот на Лацио. Оваа вест ја пренесоа сите италијански медиуми, а одлуката ја донел тренерот Маурицио Сари.


Италијанскиот стратег не го вклучил одличниот играч за врска во составот за натпреварот со Венеција кој се игра в среда, а причината наводно е тоа што е незадоволен од неговото однесување, поради што се пожалил и на челниците на клубот.

По ова Сергеј Милинковиќ Савиќ би можело да биде продаден веќе во зимскиот преоден рок.

Српскиот играч за врска оваа сезона забележа 23 настапи за Лацио во сите натпреварувања и постигна пет гола и забележа пет асистенции. За Лацио настапува од 2015 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови