Connect with us

Манчестер Сити му нуди нов договор на Жоао Кансело

Англискиот шампион Манчестер Сити сака да го обнови договорот со дефанзивецот Жоао Кансело, пренесуваат медиумите во Англија. Португалскиот дефанзивец е меѓу најдобрите играчи на „граѓаните“ од почетокот на сезоната и тоа ги натера челниците на клубот да побрзаат со понудата за нов договор.


Актуелниот договор на 27-годишниот Португалец истекува во летото 2025 година, но „граѓаните“ сакаат уште отсега да го продолжат.

Оваа сезона Жоао Кансело одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и седум асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови