Connect with us

Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и да го купи Обамејанг

Пјер-Емерик Обамејанг веќе десетина дена е надвор од првиот тим на Арсенал бидејќи беше суспендиран од тренерот Микел Артета поради кршење на дисциплината.


Габонецот ги пропушти претходните три натпревари на Арсенал, а му беше одземена капитенската лента. Прашање е дали Артета воопшто ќе го врати во тимот или ќе си замине од „Емирати“ на стартот на зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми пишуваат дека „топчиите“ ќе го продадат 32-годишниот напаѓач во јануарскиот преоден рок, бидејќи односите меѓу него и Артета се сериозно нарушени.

Италијанскиот калчолигаш Јувентус е особено заинтересиран да го доведе Обамејанг во Торино оваа зима. На Алегри му недостига уште еден квалитетен напаѓач во ростерот.

„Старата дама“ сака да ја искористи лошата ситуација на Обамејанг во Лондон, веруваат дека можат да го доведат без многу мака, а во Торино подготвија околу 15 милиони евра за 32-годишниот напаѓач.

Обамејанг има договор со Арсенал до летото 2023 година. Тој како големо засилување пристигна пред четири години од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови