
Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа Њукасл на гости со 0-4, со што ја забележаа осмата последовна победа, но заработија критики од нивниот менаџер Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег првиот дел од натпреварот го опиша како најлошата изведба на својот тим оваа сезона.
Победата против Њукасл му послужи на Манчестер Сити да постави рекорд во Премиер – лигата, бидејќи тимот од „Итихад“ стана првиот со 34 победи во една календарска година, но Гвардиола не беше задоволен од она што го виде.
„Резултатот од играта беше сензационален, но претставата воопшто не беше добра. Особено во првото полувреме, тоа беше можеби нашата најлоша изведба во оваа полусезона. Разликата ја направи квалитетот на играчите, но ова не е начинот на кој сакаме да играме“, изјави Гвардиола.
По одиграни 18 кола во Премиер – лигата, Манчестер Сити е водечки тим во поредокот со 44 бодови. Три помалку собра Ливерпул, а третопласиран е Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
