
Наполи оствари многу важна победа (0-1) на „Сан Сиро“ против Милан и се врати во трката за „скудетото“. Херојот на тимот од Неапол е Елиф Елмас кој постигна прекрасен гол со удар со глава уште во петтата минута и го одлучи победникот.
Тренерот Лучијано Спалети воопшто не е изненаден од одличната игра на македонскиот репрезентативец. Вели дека Елмас е роден шампион.
„Избувнавме како Везув во Милано. Одигравме одличен меч, постигнавме гол на стартот и не потклекнавме ниту за миг во текот на целиот натпревар: Елмас? Тој е шампион. Тоа момче може да направи се во фудбалот“, изјави Лучијано Спалети.
Наполи со овој триумф се врати на втората позиција на табелата во Серија А и има четири бода негатива во однос на лидерот Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
