
Реал Мадрид би можел да добие уште едно бесплатно засилување, повторно од Баерн Минхен. Откако летово како слободен играч пристигна Дејвид Алаба, сега по неговите стапки би можел да тргне и Корентин Толисо.
На францускиот интернационалец наводно не му пречи да биде резервна опција во Реал Мадрид. Интересно, Толисо своевремено во Баерн го донесе Карло Анчелоти, актуелниот тренер на Реал Мадрид, што дополнително ги подгрева овие шпекулации.
Толисо нема да го продолжи договорот со Баерн, има понуди и од Премиер лигата, но се чини дека го преферира Реал. Ќе има пеколна конкуренција, тука се Крос, Модриќ, Кашемиро, Валверде, Камавинга, но Французинот е свесен дека ова е единствена можност да го облече дресот на „кралскиот клуб“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
