
Барселона не игра на своето ниво оваа сезона, а и покрај тоа што клубот го тресе и финансиска криза, сепак, тренерот Чави Хернандез сака нови засилувања на „Камп Ноу“. И тоа не било какви.
Каталонскиот гигант сака во јануари да го доведе напаѓачот на Фиорентина и репрезентацијата на Србија, Душан Влаховиќ. Тој денеска го собори рекордот на Кристијано Роналдо по бројот на постигнати голови во една календарска година во Серија А, а на почетокот на 2022 година би можел да направи трансфер од соништата.
Последен Србин кој настапуваше за Барселона беше поранешниот фудбалер на Партизан, Драган Ќириќ, кој летото 1997 година се пресели на „Камп Ноу“ за 900.000 евра. Ќириќ за Барса одигра само 40 натпревари со само еден гол и три асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
