Connect with us

Следниот менаџер на Манчестер Јунајтед ќе дојде од Португалија?

Манчестер Јунајтед го именуваше Ралф Рангник за привремен менаџер до крајот на сезоната по разделбата со Оле Гунар Солскјер. Но, продолжува потрагата по стратег кој би работел долгорочно на „Олд Трафорд“, а интересни информации доаѓаат од Португалија.

Рубен Аморим, тренерот на Спортинг Лисабон, е еден од најсериозните кандидати за нов менаџер на Манчестер Јунајтед. Во игра секако е и суперагентот Жорге Мендеш кој треба да го убеди раководството на „црвените ѓаволи“ дека Рубен Аморим би бил најдоброто решение за клупата.

Аморим остварува одлични резултати со Спортинг Лисабон, во моментот е лидер на табелата во Португалија без ниту еден пораз во 15 кола, а се пласира со тимот и во осминафиналето од Лигата на шампионите каде ќе се сретне со Манчестер Сити. Можеби изданието на Спортинг на двомечот со „граѓаните“ ќе биде и одлучувачки за одлуката на челниците на Јунајтед околу Рубен Аморим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови