Connect with us

Претседателот на Баерн: Сакаме Левандовски да ја заврши кариерата на „Алијанц арена“

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ја коментираше иднината на ѕвездата на тимот Роберт Левандовски. Тој изјави дека би бил среќен доколку Полјакот ја заврши кариерата на „Алијанц Арена“.

„Леви за кратко време собори два рекорди на Герд Милер. Ова го прави многу горд. Тој многу го цени Герд. Герд беше икона. Леви, пак, е неверојатен спортист и сака да руши рекорди. Успеа да го направи тоа“, изјави Хајнер.

Првиот човек на баварскиот клуб посакува Левандовски да потпише нов договор.

„Левандовски знае дека сите, вклучително и јас, го ценат. Многу сме среќни што го имаме, бидејќи тој е апсолутна гаранција за гол и е најдобар напаѓач во светот. Ќе бидам среќен тој да ја заврши кариерата кај нас“, додаде претседателот на баварците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови