
Ѕвезда од Премиер – лигата чие име не се открива одби да се вакцинира против Ковид-19, бидејќи тој и неговото семејство се вегани. Ова разочара многу клупски лекари, кои беа шокирани од одлуката.
Тој посочи дека главната причина за неговата одлука е што вакцините против болеста првично биле тестирани на животни, што е спротивно на неговите животни сфаќања.
Ова е една од многуте позиции кои ги изненадија медицинските тимови на клубовите од Премиер – лигата, заедно со раширената теза, иако отфрлена од медицинската заедница, дека вакцините можат да предизвикаат неплодност.
Владата на Велика Британија во неколку наврати ги повика играчите од Премиер – лигата да се вакцинираат за да може првенството да продолжи со нормален тек, бидејќи брзото ширење на новата варијанта „омикрон“ веќе сериозно влијае на територијата на земјата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?
