Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро пред неколку дена објави крај на кариерата. Агуеро со солзи во очите на прес-конференција ја објави тешката одлука што мораше да ја донесе поради срцева аритмија.
Агуеро дојде во Барселона ова лето како слободен играч од Манчестер Сити, каде што помина една деценија и стана најдобар стрелец во историјата на „граѓаните“, но пред помалку од три месеци му беше дијагностицирана аритмија откако се пожали на болка во градите и вртоглавица на натпреварот со Алавес.
Тој сега доби четири понуди за нова работа. Неговиот поранешен клуб Манчестер Сити сака Агуеро да биде актуелен амбасадор на клубот. Покрај таа понуда, Агуеро има и две понуди од Аргентина, едната да биде помошник тренер на селекторот Лионел Скалони во репрезентацијата, а другата да води една од помладите категории во селекциите на Аргентина.
Четвртата понуда засега е работа како стручен коментатор на една од најголемите ТВ мрежи.
Пред да дојде во Барселона, Агуеро играше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид и за Манчестер Сити, за кои постигна 260 гола на 390 натпревари, од кои 184 во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













