
Лидерот Вардар го положи оружјето во Струга и загуби со 2-1. Домаќините обезбедија предност од два гола во првото полувреме со головите на Христијан Кировски во 25.минута и на Арбен Тафе во 45.минута, а вардарци намалија од пенал во 80.минута од средбата. Успешен реализатор беше Дарко Мицевски во 80.минута.
Вардар останува лидер на табелата со 30 бода, четири повеќе од Академија Пандев.
Силекс го совлада Шкупи со 1-0 и се искачи на третата позиција на табелата со 21 бод. Стрелец на победничкиот гол за кратовци беше Милош Жеравица уште во третата минута од мечот. Со ова Силекс го продолжи одличниот ефект на домашен терен оваа сезона.
Ренова и Академија Пандев ремизираа (1-1) во Тетово. Сашко Пандев донесе водство за струмичкиот состав уште во осмата минута, но Ренова израмни со голот на Илирид Адеми во 74.минута.
Борец и Македонија ЃП во Велес одиграа 1-1. Боби Божиновски во 28.минута го доведе составот на Македонија ЃП до предност, откако со волеј удар реализираше по центаршутот од левата страна. На самиот истек на првото полувреме израмни Никола Прелчец откако налета на одбиената топка од Марко Јовановски, по шутот на Роберт Коцев.
Колото утре ќе го затворат Работнички и Шкендија со меѓусебната пресметка на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ВАРДАР 2-1
СИЛЕКС – ШКУПИ 1-0
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1
УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
Табела: Вардар 30, Академија Пандев 26, Силекс 21, Шкендија 18 (-1), Шкупи 18, Македонија ЃП 18, Струга ТЛ 18, Ренова 15, Борец 15, Работнички 11 (-1).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
