
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо ќе се обиде да привлече уште еден играч на Челcи на „Олимпико“ во јануари. Португалецот летото го зеде напаѓачот Тами Абрахам, а сега го сака и играчот од средниот ред Рубен Лофтус-Чик.
Мурињо сака да го засили средниот ред на својот тим, откако неколку пати спомена дека нема доволно квалитетни играчи за да врши ротации во составот. Затоа ќе инсистира да го привлече Лофтус-Чик, чии квалитети добро ги познава од заедничкиот престој во Челси.
25-годишниот фудбалер на „сините“ игра стабилно од почетокот на сезоната, иако не добива премногу шанси за настап. Тој не е првиот избор на менаџерот Томас Тухел за стартните единаесет и можеби ќе сака да замине. Лофтус-Чик запиша само 97 натпревари и постигна 12 гола во последните седум сезони со Челзи, двапати беше позајмен во Фулам и во Кристал Палас.
Англичанецот сигурно ќе добие многу повеќе можности доколку ја прифати понудата на Рома. Згора на тоа, на „Стемфорд Бриџ“ размислуваат да го вратат тимот Конор Галагер кој е на позајмица во Кристал Палас, што дополнително ќе ги ограничи шансите за настап на Лофтус-Чик.
Други опции на Рома за засилување во средниот ред се Даглас Луис од Астон Вила и Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
