
Челси добро ја започна сезоната, но на последните натпревари не се претстави доволно убедливо, што ги чинеше бодови. Уште еден разочарувачки резултат се случи кога тимот на Томас Тухел не успеа да го совлада Евертон на својот „Стемфорд Бриџ“ играјќи 1-1.
Менаџерот ги објасни проблемите со играчите со повреди и позитивни тестови на Ковид-19 и дека се надева дека ќе собере 11 здрави играчи кои ќе можат да победат на утрешниот дуел со Вулверхемптон.
„Мораме да останеме позитивни и да се надеваме дека ќе успееме да собереме 11 играчи за да го добиеме мечот со Вулверхемптон, кој ќе биде тежок. Тие се тим против кој е тешко да се создаваат шанси за гол. Добро е што немаме повеќе позитивни тестови, но лотаријата повторно почнува денеска, кога ќе бидеме тестирани и наутро и попладне. Засега Каи Хаверц е подготвен откако тестот му беше негативен. И Матео Ковачиќ продолжи со тренинзите, но Жоргињо и Лофтус-Чик се под прашање бидејќи имаат болки. Мислам дека Премиер лигата треба да внесе малку повеќе јаснотија со протоколите“, изјави Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
