
Интернационалецот од Габон, Пјер-Емерик Обамејанг, ќе биде надвор од тимот на Арсенал и претстојниот викенд. Менаџерот Микел Артета неодамна одлучи да го отстрани Обамејанг од тимот и му го одзема капитенскот статус затоа што ја „прекршил клупската дисциплина“.
Нема официјално објаснување зошто Артета ја донел оваа одлука, но се верува дека Габонецот задоцнил со враќањето од Франција каде беше во посета на својата болна мајка, а на Инстаграм се појавила фотографија од напаѓачот од салон за тетовирање.
Артета не играше против Саутемптон, потоа го пропушти и Вест Хем, а нема да игра и на следниот меч против Лидс.
Капитенската лента му е одземена и сега му припаѓа на неговиот офанзивен колега Александре Лаказет, а многумина веруваат дека Оба во јануари ќе се обиде да го напушти северен Лондон. Тоа што не му оди во прилог на 32-годишниот напаѓач е фактот што Арсенал забележа две лесни победи без него.
Арсенал моментно е четврти на табелата со 29 бода, а до крајот на оваа година ќе игра против Лидс, Норич и Вулверхемптон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
