
Бразил и Аргентина од следното издание ќе се вклучат во Лигата на нации. Селекциите од Јужна Америка ќе бидат дел од ова натпреварување од 2024 година, откако УЕФА и КОНМЕБОЛ постигнале договор за соработка. Ова е своевиден одговор на заложбите на ФИФА за организација на Светско првенство на секои две години, на што се противат и УЕФА и КОНМЕБОЛ.
Сите десет репрезентации од Јужна Америка ќе се вклучат во Лигата на нации, најдобрите шест како дел од Лигата А, а останатите во Лигата Б. Се очекува ова уште повеќе да го зголеми интересот за најновото натпреварување на УЕФА кое за три години ќе добие и поширок карактер.
Во претстојното издание на Лигата на нации, македонија ќе игра во Лигата Ц, каде во групата 4 ќе се сретне со селекциите на Бугарија, Грузија и на Гибралтар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
