Connect with us

Модриќ негативен на коронавирусот

Лука Модриќ е негативен на Ковид-19, иако се најде во изолација со уште неколку соиграчи откако доби позитивен резултат од тестот.


Фудбалерите на Реал попладнево пристигнаа во тренинг центарот за да се тестираат пред првенствениот натпревар против Кадиз, а Модриќ иако беше отпишан, сега доби негативен резултат.

Хрватскиот интернационалец одигра извонреден натпревар против градскиот ривал Атлетико Мадрид во победата од 2-0 и би бил голем хендикеп за Карло Анчелоти доколку не беше во тимот.

Според шпанските медиуми, после негативниот тест на коронавирусот, Модриќ по барање на клубот ќе мора да направи серолошки и кардиолошки преглед, по што ќе биде одлучено дали ќе може да игра против Кадиз.

Давиде Анчелоти исто така доби и негативен тест, а и понатаму позитивни на коронавирусот останаа Марсело, Марко Асенсио, Родриго, Герет Бејл и Андриј Лунин.

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Кадиз ќе се игра в недела од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови