За две седмици Килијан Мбапе ќе може слободно да води преговари со заинтересираните клубови околу својата иднина, а се чини дека Пари Сен Жермен и дефинитивно ќе го загуби. Реал Мадрид е неговата желба и тоа јасно го потенцираше во последната изјава.
„Парите не ми се најважни, дури и ако тоа е многу важно затоа што имаме семејства за кои треба да се грижиме. За мене искуството е поважно, копнеам да откривам нови места, да патувам, да запознавам различни луѓе и култури“, рече Мбапе.
Тоа е јасна порака за ПСЖ дека нема да успее да го задржи. Претседателот Насер Ал Келаифи и спортскиот директор Леонардо се обидоа да го натераат Мбапе да ја преиспита одлуката, но тој не покажува знаци дека сака да остане во Франција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski