
Поразот од Лече (0-2) во Купот на Италија тешко им падна на навивачите на Специја. Избраниците на Тијаго Мота играат слабо во првенството, но навивачите веруваа дека нема да имаат проблеми со тимот од Серија Б во Купот.
Во текот на натпреварот од трибините се слушаа свирежи кои беа упатени до домашните фудбалери, а ситуацијата кулминираше откако судијата означи крај.
Навивачите се наредија пред портите и не им дозволија на играчите и стручниот штаб да си заминат дома.
Во италијанскиот шампионат Специја е на 17. позиција на табелата со 12 бода и тоне од ден на ден, а на прашањето дали ќе поднесе оставка, тренерот Мота само ги замоли новинарите да му го постават следното прашање.
Последната победа тимот ја оствари на почетокот на ноември против Торино, а оттогаш има пет порази и едно реми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
