Connect with us

Салах го израмни рекордот на Џејми Варди

Ливерпул со пресврт го совлада Њукасл со 3-1 на „Енфилд Роуд“. Гостите во седмата минута иензнадија со голот на поранешниот играч на „црвените“, Џонџо Шелви. Но, Жота во 21.минута донесе израмнување, а три минути подоцна Мохамед Салах се погрижи за пресврт.


Тоа беше 15. натпревар по ред на кој Египќанецот постигна барем еден гол или забележа асистенција, со што го израмни рекордот на Џејми Варди. На следниот меч би можел да влезе во аналите на Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови