
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (18 часот) ќе ги дознае ривалите во лигата Ц од Лигата на нациите. Селекцијата на Благоја Милевски ги очекува противниците сместена во вториот барабан при ждребот. За разлика од минатиот пат, кога бевме убедливо првопласирани во групата Д, а потоа и се пласиравме преку плејоф на Европското првенство, сега Македонија ќе игра во подобра по квалтет дивизија.
„Црвено-жолтите“ не можат да добијат противник од истиот барабан, каде се наоѓаат уште и Грција, Белорусија и Луксембург, а од првиот, веројатно и најзвучни, се селекциите на Бугарија, Словачка, Турција и на Северна Ирска. Во третиот барабан се Литванија, Азербејџан и старите познаници Грузија и Косово, ривали кои ги совладавме за пласман на ЕВРО 2020.
Од последниот барабан можни противници се Фарски Острови и Гибралтар, како и победниците од плејаутот од втората сезона Казахстан – Молдавија односно Кипар – Естонија, кои во март следната година ќе решаваат кој ќе испадне во лигата Д.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Милан со пресврт ја победи Болоња (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
