
Питер Шмајхел, култниот дански голман кој беше член на генерацијата на Манчестер Јунајтед која ја освои тројната круна во 1999 година, објави автобиографија со наслов „Еден“.
Во неа тој откри засега непознати детали од култната соблекувална на Јунајтед, а англиските медиуми пренесуваат дека сер Алекс Фергусон искажувал посебно внимание и почит кон еден ривал.
„Игравме во финалето на ФА купот во 1996 година против Ливерпул. Ферги го стави Фил (Невил) да игра фластер кај Мекманаман. Тоа беше единствениот играч од кој Фергусон се плашеше”, започна славниот голман.
„Тој беше единствениот противнички играч на кој му обрнуваше внимание во Премиер – лигата. Мислам, тој би ги спомнал Алан Ширер и другите големи противнички играчи во тимските разговори, но никогаш со страв. Сепак, од Мекманаман секогаш се потеше. И, да бидам искрен, Стив беше фантастичен фудбалер. Ферги секогаш мислеше дека ако го запреме Мекманаман, ќе го запреме и Ливерпул“, пишува Шмајхел во автобиографијата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski