
Германскиот стратег Ралф Рангник штотуку пристигна на „Олд Трафорд“, а веќе треба да носи важни одлуки во Манчестер Јунајтед. Раководството бара да ја изготви трансфер – листата за фудбалерите кои ќе можат да си заминат од клубот во зимскиот преоден рок.
Иако нема официјална информација, медиумите на Островот веќе наголемо најавиваат дека за играчите како Антони Марсијал, Џеси Лингард, Хуан Мата и Фил Џонс потенцијално ќе бидат отворени вратите на „Олд Трафорд“.
Лингард и Марсијал се желби на Њукасл, но во трката може да се вмеша и Вест Хем. Мата најверојатно ќе се врати во Шпанија.
Покрај овие фудбалери, најавено е заминувањето и на Единсон Кавани кој не е задоволен од минутажата во тимот и сака да побара друга средина. Во опција се Барселона, Јувентус и Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
