
Баерн Минхен е заинтересиран за една од младите ѕвезди на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, објавија германските медиуми. 18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток со досегашните настапи во дресот на „милионерите“ и го привлече вниманието на голем број европски гиганти, меѓу кои и англискиот премиерлигаш Ливерпул.
Фудбалерот за врска во тимот на Борусија Дортмунд од почетокот на сезоната постигна три гола и забележа девет асистенции на 23 натпревари во сите натпреварувања.
Сепак, ваквиот трансфер во моментов изгледа малку веројатен со оглед на разделбата со Џејден Санчо минатото лето и евентуалниот претстоен трансфер на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.
Англискиот репрезентативец има договор со Борусија Дортмунд до 2025 година и неодамна изјави дека се чувствува многу добро во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
