
Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани оваа зима ќе го напушти „Олд Трафорд“. Тој посакува поголема минутажа, а ја нема откако во Манчестер Јунајтед се врати Кристијано Роналдо. Кавани речиси и да не играше во изминатиот период, па сака тоа го разреши со заминување во клуб каде што ќе биде потребен како стандарден првотимец.
Барселона е сериозно заинтересирана за неговите услуги и преговорите се веќе отпочнати, но италијанските медиуми откриваат дека во трката за Кавани се вклучува и Јувентус.
На Масимилијано Алегри очајно му е потребен нов напаѓач, со оглед дека „старата дама“ на многу натпревари оваа сезона не може да го скрши отпорот на противниците поради неефикасноста, а веќе е одлучено дека нема да биде потпишан нов договор со Алваро Мората кој е дојден на позајмица од Атлетико Мадрид. Италијанскиот тим преговара и со Мауро Икарди, но не би имал против да го доведе и Кавани во Торино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
