Холандскиот играч за врска Френки де Јонг е еден од фудбалерите кои Барселона има намера да ги продаде за да го растовари буџетот, но и да вбризга свежи пари во клубот. Тренерот Чави Хернандез го прифатил барањето на раководството за негова продажба, но прашање е дали Барселона ќе добие 90 милиони евра во овој момент, колку што е неговата трансферна вредност.
„Знам дека на Барселона и требаат пари и голема понуда за Френки може да помогне, но не гледам дека тоа ќе се случи. Сепак, морам да ви кажам дека се пријавија петте најдобри европски клубови”, изјави таткото на холандскиот репрезентативец.
Де Јонг сезонава одигра 13 првенствени натпревари и постигна еден гол со две асистенции, а има и шест настапи во Лигата на шампионите. Сепак, неговиот тим беше елиминиран во групната фаза и натпреварувањето го продолжува во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













