Connect with us

Реал Мадрид ја обвинува УЕФА: Лага е дека софтверот ја направи забуната

УЕФА го обвини софтверскиот проблем за скандалозниот ждреб во Лигата на шампионите и повторувањето на извлекувањето, но Реал Мадрид тврди дека се работи за намерна човечка грешка.


„Лага е дека ова е софтверска грешка. Тоа е човечка грешка. Нашиот ждреб со Бенфика беше легално во секој поглед. Беше изненадувачки, тажно и многу тешко за разбирање, со оглед дека милиони фанови го чекаат ждребот“, истакна легендарниот Емилио Бутрагењо.

Реал Мадрид сега ќе треба да се соочи со Пари Сен Жермен, а во првиот обид кој беше прогласен за нерегуларен за ривал во осминафиналето ја доби Бенфика.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови