
Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, ги откри своите идоли од младоста. Тие се италијанските фудбалери Роберто Баџо и Алесандро Дел Пјеро.
„Баџо беше мојот вистински идол. Го сакав неговиот стил на игра и неговата фризура. За кратко време ја имав истата опашка. Потоа се заљубив во Дел Пјеро. Не можам да изберам еден од овие двајца големи играчи“, истакна Роберт Левандовски во интервју за „Тутоспорт“, италијанскиот медиум кој го избра за најдобар фудбалер во светот за 2021 година.
Левандовски откри и против кои дефанзивци му било најтешко да игра во текот на кариерата.
„Ќе кажам две имиња – Џорџо Киелини и Серхио Рамос. И двајцата се многу цврсти и физички подготвени. Ги знаат сите трикови, но секогаш се коректни и речиси секогаш имаат насмевка на лицето. Тешко е, но во исто време и забавно да се игра против нив“, изјави 33-годишниот Левандовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski