Connect with us

Страшен ждреб: Елмас и Наполи против Барселона, Адеми и Ристовски против најтрофејниот тим во Лига Европа

Хрватскиот првак Динамо Загреб каде настапуваат двајцата македонски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, за прв противник во нокаут фазата од Лигата на Европа го доби најтрофејниот клуб во ова натпреварување, шпанскиот тим Севилја.


Барселона по 21 година нема да биде дел од разигрувањето во Лигата на шампионите, а ќе се сретне со Наполи на првиот чекор од Лигата на Европа. Елиф Елмас и соиграчите од Наполи ќе имаат голем предизвик.

Шериф Тираспол и Бобан Николов ќе играат против Брага, а Борусија Дортмунд ќе вкрсти против Глазгов Ренџерс.

Првите натпревари се играат на 17 февруари следната година, а реваншите седум дена подоцна.

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕ НА ЛИГА ЕВРОПА

СЕВИЛЈА – ДИНАМО ЗАГРЕБ

АТАЛАНТА – ОЛИМПИЈАКОС

ЛАЈПЦИГ – РЕАЛ СОСИЕДАД

БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ

ЗЕНИТ – БЕТИС

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС

ШЕРИФ ТИРАСПОЛ – БРАГА

ПОРТО – ЛАЦИО

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови