Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, инсистира на „Џузепе Меаца“ да го доведе играчот од средниот ред на Верона, Антонин Барак, пренесуваат италијанските медиуми.
Барак е еден од најдобрите играчи на Верона оваа сезона, а особено се истакна во победите против Јувентус и Рома и ремито против Наполи.
Чешкиот играч за врска го воодушеви Симоне Инзаги, како и директорот на италијанскиот шампион Бепе Марота, кои сега го означија како примарна цел за следното лето.
Верона наводно веќе се помирила со загубата на Барак во јуни, а неговата вредност веќе е зголемена на најмалку 20 милиони евра.
Интер не е единствениот клуб заинтересиран за потписот на Барак, градскиот ривал Милан исто така сака да го доведе во своите редови, додека англискиот премиерлигаш Вест Хем веќе стапил во контакт со агентот на играчот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski