
Серхио Агуеро става крај на фудбалската кариера. Притиснат од здравствените проблеми кои се појавија по преселбата во Барселона, аргентинскиот напаѓач в среда треба официјално даљ објави дека се повлекува од фудбалот поради проблеми со срцето.
Тој го напушти теренот на крајот на октомври поради аритмија која ја почувствува на натпреварт меѓу Барселона и Алавес. Тешко дишеше, заврши во болница, а беа откриени проблеми со срцето.
Лекарите ја снимаат ситуацијата, помина месец и половина и потврдено е дека Кун веќе не може да игра фудбал на највисоко ниво, затоа што тоа е премногу ризично.
Беше подложен на различни клинички истражувања, неговото срце не може да го издржи товарот на професионален спортист, па Серхио Кун Агуеро ќе ја заврши кариерата на 33 години. Нема за што да жали, освен можеби што не се врати да ја одигра последната сезона во неговиот Индепендиенте како што посакуваше за крај на кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
