
Реал Мадрид го доби (2-0) градското дерби против Атлетико на „Сантијаго Бернабеу“ и направи нов голем чекор кон освојување на титулата во Ла Лига. Лука Модриќ повторно беше маестрален и диригираше со играта на „кралевите“, а најголемата пофалба ја доби од својот соиграч Винисиус Жуниор кој беше асистент на двата гола.
„Велат дека Модриќ има 36 години. Мене ми се чини дека има само 22 години. Се што прави изгледа лесно, а на теренот прави неверојатни работи и е еден од најдобрите кои ја играат оваа игра. Секогаш ни дава совети, тој е одлична личност на теренот и надвор од него. Кога играм со него, Кашемиро и со Крос, играм со тројцата најдобри во светот“, изјави Винисиус.
Реал Мадрид има осум бода предност пред второпласираната Севилја, а дури 13 бода позитива во однос на градскиот ривал Атлетико. Залихата во однос на Барселона е фантастични 18 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
