Connect with us

Симеоне: Реал беше безмалку фантастичен

Актуелниот првак Атлетико Мадрид го загуби градското дерби од Реал на „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот Диего Симеоне призна дека „кралевите“ во моментов се незадржливи.


„Реал Мадрид беше безмалку фантастичен. Мораме да им честитаме затоа што покажаа агресија на секој дел од теренот и беа упорни тоа да го прават сите 90 минути. Ние имавме свои шанси на почетокот на второто полувреме, но потоа противникот го постигна вториот гол. Можеби премногу се истрошивме на мечот против Порто во Лигата на шампионите. Бевме под големо психолошко оптоварување и сега ендоставно делувавме испразнето“, изјави Диего Симеоне.

Атлетико Мадрид има огромно заостанување од 13 бода зад Реал на табелата во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови