
Реал Мадрид ја оствари 13. победа оваа сезона во Ла Лига откако славеше во големото градско дерби против Атлетико Мадрид со 2-0. „Кралевите“ ја зголемија предноста на врвот на табелата, а тоа го заслужија со одлична игра во градската пресметка.
Карим Бензема издржа едно полувреме, со оглед дека беше повреден и неговиот настап беше незвесен, но и тоа беше доволно за да се запише во листата на стрелците. Французинот погоди во 16.минута и најави нов триумф за составот на Карло Анчелоти.
Во вториот дел, Марко Асенсио го совлада Јан Облак во 57.минута, а двете асистенции беа дело на Винисиус Жуниор.
Реал Мадрид е на врвот на Ла Лига со 42 бода, осум повеќе од второпласираната Севилја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
