
Италијанскиот шампион Интер го совлада Калјари со убедливи 4-0 на „Џузепе Меаца“ и на најдобар можен начин ги искористи „киксовите“ на Милан и на Наполи за да се искачи на врвот на табелата во Серија А. Сега „нероаѕурите“ имаат 40 бода, еден повеќе од Милан и три повеќе од Аталанта.
Лаутаро Мартинез во 29.минута ја отвори серијата голови во Милано, а пред крајот на првото полувреме не успеа да искористи пенал.
Сепак, Интер продолжи со убедлива игра и на 2-0 зголеми Алексис Санчез во 50.минута. Хакан Чалханоглу во 66.минута беше стрелец на третиот гол, а само две минути подоцна Лаутаро Мартинез го постави конечниот резултат, 4-0 за Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski