
По испаѓањето на Барселона од групната фаза од Лигата на шампионите, раководството е фокусирано на зимскиот преоден рок и доведување на потребните засилувања.
Шпанските медиуми речиси секојдневно објавуваат кој би можел да дојде во Барселона. Се споменуваат Феран Торес, Аспиликуета, Карим Адејеми, Дани Олмо и Единсон Кавани.
На „Камп Ноу“ сигурно ќе пристигнат засилувања, но исто така ќе мора да има и заминувања. Како што откриваат каталонските медиуми, практично сите играчи на Барселона се на трансфер листа. Единствено тројца млади фудбалери се исклучок.
Чави реши да ги прогласи Ансу Фати, Гави и Ница за „недопирливи“. Трите производи на познатата школа „Ла Масија“ треба да ја претставуваат иднината на клубот.
Изненадувачки, Чави не го искористи „ветото“ за евентуалната продажба на Педри, кој е апсолутно откритие на годината, но повредите неодамна го спречија да напредува понатаму.
Френки де Јонг, Сержињо Дест и Марк Андре Тер Штеген се дел од играчите на кои Барселона со големо задоволство би заработила.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
