
Холандскиот репрезентативец Матијс де Лихт бил многу блиску до трансфер во Баерн Минхен пред да потпише за „старата дама“, откри неговиот агент Мино Раиола.
Раиола од оваа перспектива призна дека жали што дефанзивецот не завршил на „Алијанц Арена“ во Минхен.
„Водевме преговори со Баерн Минхен и трансферот беше пред реализација, недостигнаа само мали детали. Жалам што трансферот не се реализираше“, изјави Раиола.
Во 2019 година Де Лихт беше еден од најбараните фудбалери во Европа и на крајот заврши во Јувентус за 75 милиони евра. Но, Холанѓанецот не се снајде најдобро во Торино, па на лето би можел да ја промени средината.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
