
Талентираниот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго, е најголемата желба на Ливерпул во претстојниот јануарски преоден рок. Менаџерот Јирген Клоп го посакува на „Енфилрд Роуд“ и е подготвен да издвои дури 80 милиони евра за услугите на бразилскиот офанзивец, тврдат шпанските медиуми.
Бразилецот веќе трета сезона е во кралскиот клуб, но не успева да дојде до целосен израз поради жестоката конкуренција.
Во Ливерпул веруваат дека тој би бил вистинско освежување на крилната позиција.
Родриго оваа сезона постигна само два гола за Реал Мадрид, како што беше случај во претходната, но и покрај тоа, Јирген Клоп смета дека Ливерпул би можел да го понуди тоа што му недостига на Бразилецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
