Connect with us

Ливерпул сака да го „украде“ Гави пред Барса да го врзе со нов договор

Англискиот премиерлигаш Ливерпул сака да пазари на „Камп Ноу“. И тоа не било кого, туку најголемиот талент на каталонскиот клуб, фудбалерот од средниот ред Гави.


Раководството на „црвените“ е подготвено да плати 50 милиони евра за играчот од средниот ред на Барселона. Толку изнесува во момнентот откупната клаузула во договорот на 17-годишниот талент, кој веќе има 20 натпревари за првиот тим на каталонците во сите натпреварувања.

Барселона прави се за да го задржи младиот фудбалер во своите редови и му нуди нов договор, но тогаш сигурно и отштетната клаузула ќе изнесува една милијарда евра.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, бара ново засилување во средниот ред откако минатото лето тимот го напушти Џорџинио Вајналдум, а не успеа да доведе адекватна замена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови