
Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард не беше задоволен од арбитражата на натпреварот против „својот“ Ливерпул. Легендата од Мерсисајд се врати на „Енфилд“, а за негова несреќа Астон Вила загуби со 0-1, и тоа од пенал.
„Генерално, Ливерпул беше подобар тим. Но, мислам дека се претставивме на високо ниво и го држевме противникот под притисок во текот на целиот натпревар. Натпреварот го реши пеналот. Тогаш имаше две посебни ситуации. Ако погледнете внимателно, ќе видите дека Салах е првиот кој го фаулира Тајрон Мингс“, изјави Џерард.
„Секогаш е тешко да се прифати загубата. Знаевме дека ќе ни биде многу тешко да се справиме со напаѓачката сила на Ливерпул. На крајот одигравме цврсто и создадовме неколку шанси, но не успеавме да израмниме. Имавме многу позитивни нешта во нашата игра. Загубивме поради многу лесно дисудениот пенал. Разочаран сум што судијата не виде повторување на оваа ситуација“, заклучи Џерард.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
