
Пјер-Емерик Обамејанг е исфрлен од тимот на Арсенал пред натпреварот со Саутемптон, објави менаџерот Микел Артета. Како што изјави, капитенот не беше дел од тимот поради недисциплина. И без него, „топчиите“ славеа со 3-0.
„За жал, тој не е во тимот поради недисциплина. Не е лесно кога капитенот е во таква ситуација, но мислам дека бевме многу доследни во изборот на некои принципи за кои не може да се преговара во тимот, а кои ги поставивме во име на клубот“, изјави Артета.
Интернационалецот од Габон игра далеку под очекувањата оваа сезона. Арсенал победи со головите на Лаказет, Одегард и на Габриел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
