Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, е блиску до нов рекорд. Ветеранот е на чекор да стане само третиот фудбалер со најмалку 300 гола во Топ 5 лигите во овој век. Вакво достигнување засега имаат само Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Португалецот има 482 гола – 311 за Реал Мадрид, 81 за Јувентус и 90 за Манчестер Јунајтед. Головите на Аргентинецот се 474, речиси сите се за Барселона и само еден е за Пари Сен Жермен.
Ибрахимовиќ ќе има можност да им се придружи ако постигне гол денеска против Удинезе, бидејќи во моментов има 299 првенствени голови со екипите на Јувентус (23), Интер (57), Барса (16), ПСЖ (113), Манчестер Јунајтед (17) и Милан (73).
Само оваа сезона 40-годишниот напаѓач има шест гола на девет натпревари во Серија А.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski