
Пари Сен Жермен го избегна вториот пораз во првенството на Франција откако одигра 1-1 на гостувањето против Ленс. „Светците“ налетаа на мотивираниот домаќин кој имаше водство со голот на Секо Фофана во 62.минута, но израмни Џорџинио Вајналдум во судиското продолжение од мечот.
Можеби и малку неспортски, во момент кога фудбалерите на ПСЖ застанаа, барајќи да му се укаже помош на Меси кој беше долу на теренот, Секо Фофана се одлучи на удар од 30 метри. Не реагираше најдобро Кејлор Навас и топката отседна во неговата мрежа.
Килијан Мбапе имаше шанса за израмнување, но не успеа, а тоа сепак го стори Џорџинио Вајналдум во 92.минута од натпреварот. Две минути подоцна, Лионел Меси имаше можност да донесе и триумф од слободен удар, но не беше прецизен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
